Довербата во францускиот претседател Емануел Макрон се намалува со брзо темпо  по протестите на „Жолтите елеци“, се нагласува во резултати од анкета.

Само 23 отсто од населението во  Франција има доверба во Макрон, според анкета на два института – Севипоф и Опинионеу.

За една година таа цифра е намалена за 13 отсто.

Освен тоа, само 25 отсто анкетирани имаат доверба во премиерот Едуард Филип.

Од средината на ноември Франција е зафатена од протести на „Жолтите елеци“ во кои демонстрантите често влегуваат во судири со полицијата. Во Париз денеска се очекува распоредување на околу 80.000 припадници на силите за безбедност во очекуавње нови протести на Жолтите елеци.