Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Општо земено дали би рекле дека работите во Република Македонија се одвиваат во правилна или во погрешна насока 45,35%  одговориле дека државата се движи во погрешна насока, а 13,7 % од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во правилна насока.

19,95% од анкетираните одбиле да одговорат, а 21,05% го дале одговорот – не знам.

Албанците, за разлика од Македонците, се повеќе на ставот дека државата се движи во погрешна насока, односно речиси половина од нив сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец.

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате доверба во државните институции 47 5% од анкетираните  одговориле дека немаат доверба, 23% одбиле да одговорат, 21 % се изјасниле со – не знам, а најмал процент, само 9 % рекла дека имаат доверба во државните институции.

39 % од испитанитте Македонци немаат доверба, а процентот на недоверба кон институциите на системот кај нивните сонародници Албанци е поголем за 11 %.