За кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 28,2 отсто наспроти 22,7 за кандидатите на СДСМ. За кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска се изјасниле дека ќе гласаат 18,9 наспроти 13,2 за нејзиниот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов.
Ова се резултати од последната анкета направена од Институтот АКСИОС.
Институтот АКСИОС во периодот од 2 до 6 октомври годинава спроведе анкета на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје.
Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.
За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1.345 испитаници на територија на цела Република Македонија.
Во последното истражување направено од институтот АКСИОС, видливо е зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од еден процент наспроти СДСМ и нивната коалиција. Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0,9 проценти на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот противкандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.
Статистичкта грешка на анкетата е околу 2 отсто.