Полициски службеници синоќа половина час по полноќ ги привеле И.Е.(19) и 17-годишник, двајцата од Србија, кај наплатната рампа Градско, на автопатот Гевгелија-Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека при проверка на возило „Ауди“, со велешки регистарски ознаки, во кое биле двајцата патници, констатирано е дека тие нелегално влегле во државата.

-Поднесен е соодветен поднесок од страна на Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци, а од Основен суд Велес изречена им е глоба и мерка „протерување на странец од територијата на РС Македонија“, по што полициските службеници ги спровеле до Граничниот премин Табановце, се вели во соопштението од МВР.