Според истражувањето на јавното мислење што Институтот за политички истражувања Скопје го направи за потребите на Македонската телевизија, чии резултати беа преставени во емисијата „Објектив“, ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност во однос на СДСМ што се однесува на тоа која партија граѓаните ја гледаат како победник на парламентарните избори.

На прашањето: „Која партија сметате дека ќе победи на претстојните избори“?, 30,4% од испитаниците сметаат дека победник на парламентарните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, што преставува раст над 2% во однос на февруари кога 28,3% од испитаниците сметале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

Овој процент за СДСМ е тројно помал, односно дека СДСМ ја гледаат како победник на претстојните парламентарни избори одговориле 9,8% од испитаниците. После следува ДУИ со 6,3%, Европскиот сојуз за промена (ЕСП) со 4,2%, Левица 3,3%, ЗНАМ 2,9, Алијанса за Албанците.

Исто така и што се однесува на прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има скоро двојна предност пред СДСМ.

Имено, на ова прашање за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 22,7% од испитаниците, а за СДСМ 12,1%. Трета е ДУИ со 6,3%, а Европскиот сојуз за промени со 4,4%. За левица одговориле 3,7% од испитаниците, а за ЗНАМ 3,2%. АА се движи околу 2%, ниту една 14, 5%. 21% од испитаниците не сакале да кажат за кого ќе гласаат на претстојните парламентарни избори.