Истражувачкиот центар на Макфакс спроведе анкета која покажува дека преовладува јавното мислење кај граѓаните дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да одговара за своите постапки кои се откриваат во објавените снимки на италијанскиот весник Ла Верита во врска со криминалната афера Рекет.
На прашањето на Макфакс дали Јанева треба да продолжи да оди на работа во СЈО, дури 73 проценти од анкетираните сметаат дека таа треба да биде уапсена.
Поради морални причини Јанева не треба да се појавува воп СЈО сметаат 15,1, а бидејќи е осомничена, 7,8 од досега анкетираните сметаат дека не треба да оди на работа.
Само нешто над 4 отсто сметаат дека Канева треба да го води СЈО додека не се избере нов шеф на СЈО.
Специјалната обвинителка на 16 јули, истиот ден кога беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец за Рекет, поднесе усна оставка, за која се покажа дека не е валидна бидејќи не беше поднесена во писмена форма.
Јанева два дена потоа го известила СЈО дека користи боледување од 30 дена. Неколку дена подоцна јавноста дозна дека Катица Јанева е на одмор во Грција, откако македонската јавност се забавуваше со информации дали вториот го изгубила во Белград или во Прдејци, а подоцна се откри дека истиот не бил изгубен, туку форматиран.