Владата им порача на општините да го тргнат Сонцето од Кутлеш од јавните објекти кои се во нивна надлежност.

Во препораката од Владата до единиците на локалната самоуправа се вели да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето од сите јавни места и јавна употреба.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница Владата разгледала и усвоила информација за примена на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.