Значителен процент Бугари не се согласуваат Бугарија да прави отстапки во спорот со Македонија. Ова го покажува телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“, цитирана од бугарска „Нова“.

Според неа, 70 отсто од испитаниците се против Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Скоро 20 проценти се на спротивно мислење, а останатите се уште се двоумат.

Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 возрасни Бугари.