Мнозинство од Американците ги одобруваат постапките на претседателот на САД, Џо Бајден околу војната во Украина, покажа анкета на радиото Ен-пи-ар и Ипсос, јави синоќа Ем-ес-ен-би-си.
На прашањето дали претседателот врши добра работа во својот одговор на војната во Украина, 53 отсто од испитаниците одговориле потврдно, додека 36 отсто одговориле негативно.
Меѓу републиканците, 81 отсто кажале дека не одобруваат како Бајден се справува со војната во Украина, додека меѓу демократите, 62 проценти одобруваат.
Од анкетата исто така се дознава дека мнозинство од Американците сметаат дека САД треба да пружат дел од поддршката што Украина ја бара за својот отпор против руската инвазија.
Вкупно 62 отсто од испитаниците кажале дека САД треба да дадат дел од поддршката барана од Украина, додека 17 отсто сметат дека САД треба да ja дадат целата помош што Украина ја бара.
Анкетата е спроведена 18 до 21 март оваа година.