Министерот за спречување на корупција, Љупчо Николовски, го вработил својот братучед во МНАВ, каде што работи и неговиот чичко, објави порталот Нетпрес.

За вработувањето на братучедот Стефан Николоски не било пречка што таму работи неговиот татко, а неговиот братучед е министер во Владата.

Според информации на „Нетпрес“ вработувањето било извршено од втор обид затоа што Стефан не ги исполнувал условите. Подоцна биле променети условите на конкурсот за Стефан да се вработи во МНАВ.

Тоа било направено и со смена на лицето кај кого братучедот на Николовски полагал, а првиот пат не положил.