Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, вечерва информира за уште една „добиена антикорупциска битка“.

Антикорпционерот информира дека „е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба“.

Акцијата била изведена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, а по акцијата производот бил повлечен од пазарот.

-Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност, информира Николовски за оваа „голема антикорупцсика битка“.

Николовски не наведува колкава количина, односно колку пакетчиња путер е запленет. Тој неодамна најави жестока битка против корупцијата во Македонија и еве за сефте борбата е „подмачкана“ со путер!