Државната комисија за спречување на корупцијата  денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е постапување по конкрети предмети.

Како што информираат, имајќи ги предвид препораките на Владата донесени во насока на спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 37-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи без присуство на медиуми.