Пред зградата на бугарското претседателство во центарот на Софија синоќа се одржа вториот антивладин протест, организиран од незадоволни активисти и здружението на граѓани „Борец“, а се спроведе под слоганот „АНТИРадев“ против политиката на бугарскиот премиер и влада кон Русија.

Како и минатиот викенд протестот завршија со интонирање на бугарската химна од периодот 1886-1947 година – „Шуми Марица“.

Еден од организаторите на протестот, Манол Глишев, ги повика граѓаните повторно да се соберат и протестираат на есен.

-Ние сме малку над шест милиони и сосема е реално да почнеме да се собираме за добро организирани протести низ целата земја оваа есен. Тогаш работите ќе станат сериозни, додаде тој.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Финансиската поддршка за режимот на Кремљ е соучество во убиството на деца“ и „82 години се доволни“. Тие скандираа „Ова не е Русија“.

Фото: Архива