Група демонстранти кои се противат на вакцинацијата и епидемиолошките мерки упаднаа во студио на ТВ Словенија, се наведува на веб -страницата на таа телевизија.

Инцидентот се случи вчера околу 20:30 часот во студиото за вести.

Полицијата интервенираше отстранувајќи 20-на демонстранти кои не носеа заштитни маски.

Демонстрантите и противниците на вакцинацијата и мерките за ограничување протестираат пред зградата на јавниот сервис со недели, барајќи да им се даде време на телевизија да ги изразат своите ставови за коронавирусот и епидемијата со „Ковид-19“.