Претседателот на опозициската партија Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со синоќешните настани на протестот против францускиот предлог во Скопје.

Апасиев тврди дека власта намерно провоцира насилство за да ги дискриминира протестите на народот. Во продолжение целата објава од Апасиев на неговиот профил на Фејсбук:

Драг Оливер,

Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!

Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).

МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки.

Се гледаме секоја вечер – се побројни и се посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада.

p.s. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.

Се гледаме на барикадите!

До вашиот конечен крај!