Апликацијата „Стоп корона“ досега не откри ниту еден случај

/ 21.07.2020

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за помош во борба со корона вирусот, не открила случај на корона вирус.

Апликацијата „СтопКорона” од 13 април, досега, на своите мобилни уреди ја презеле 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, велат за МИА од Министерството за здравство.

До денес 21 јули преку апликацијата „СтопКорона!“ не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот потврдиле од Министерството за здравство за МИА.

Апликацијата започна со функционирање на 13 април, а ја промовираше министерот Дамјан Манчевски. Тогаш, тој изјави: „Апликацијата е изработена е според најдобрите светски практики. Апликацијата е значајна бидејќи ќе даде брз одговор на здравствените експерти со кои лица бил заразениот во последните 14 дена. Помага да се информираат потенцијално инфицираните лица, за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување“.


Од истата категорија