За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна.
Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ.
Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење.
Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%.
Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно.
Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари?
Фото/видео:ВМРО-ДПМНЕ




