Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи апелира на „заемно почитување“ пред денешните преговори со американските претставници во Оман.
– Рамноправноста, меѓусебното почитување и реципроцитетот на интересите не се празни фрази, туку неотповикливи услови што мора да бидат вградени како основни принципи во секој иден договор за да биде траен, објави Арагчи на платформата Икс.
Во преговорите ќе учествуваат Арагчи и специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер. Тие ќе разговараат за нуклеарната програма на Техеран, но агендата на преговорите е непозната. Иран се обидува да ги ограничи преговорите на нуклеарната програма и санкциите, додека САД сакаат да разговараат и за ракетната програма на Техеран и неговата поддршка за Хамас во Појасот Газа, за Хезболах во Либан и за Хутите во Јемен.




