Реал Мадрид официјално ги обезбеди услугите на голманот Алфонс Ареола, кој доаѓа на позајмица до крајот на сезоната од Пари Сен Жермен.

Интересно е што од клубот доцнеа извесно време пред да го објават пристигнувањето на играчот, но тој беше пријавен за првенството, што всушност го откри договорот.

Ареола ќе биде резерва на Тибо Куртоа, откако уште минатата недела беше подложен на медицински тестови. Тој има одредено искуство во Шпанското првенство, откако беше на голот на Виљареал во 2015-2016 година и одигра 37 натпревари во кои прими 32 голови.

Тој беше дел од францускиот состав кој ја освои светската титула во 2018 година, а исто така има само 26 години, па на крајот привлекувањето би можело да биде прилично добар потег.

Ова секако значи дека Кејлор Навас ќе потпише со ПСЖ, откако тој веќе пристигна во Париз за да го финализира трансферот.