Бока јуниорс во последното коло во сезоната ја мина Ривер Плата на табелата и стана нов фудбалски шампион на Аргентина.

На две кола до крајот, Ривер Плата имаше три бода предност пред лутиот градски ривал. Во претпоследното коло ремириза со Дефенсор додека Бока јуниорс славеше над Колон со 4:0.

Ривер одигра нерешено и во во последното коло, а Бока јуниорс се мачеше против Химназија Ла Плата на Марадона до 72. минута во која погоди Карлос Тевез што беше доволно за еуфорично славење 20. минути подоцна на стадионот „Бонбоњера“.