Аргентина ја извести Русија дека не планира да се приклучи на БРИКС, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Новата влада на оваа земја официјално не информираше нас и другите членки на БРИКС дека нема намера да ја искористи поканата формулирана од лидерите во Јоханесбург“, рече Рјабков на прес-конференцијата.
Тој додаде дека БРИКС „не ја драматизира“ оваа ситуација. Поканата на Аргентина не е повлечена и останува на сила.
БРИКС е основан во 2006 година во рамките на Економскиот форум во Санкт Петербург со учество на министрите за економија на Бразил, Русија, Индија и Кина.
Јужна Африка се приклучи на асоцијацијата во 2010 година. Во летото 2023 година, на самитот во Јоханесбург, Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Аргентина беа поканети да се приклучат на БРИКС. Сите освен последните две официјално се приклучија на организацијата на 1 јануари годинава.
Фото: МИА архива