Архимандрит Тихон ШЕВКУНОВ
(Од „Несвети, а свети“)

Велат дека ноќната молитва е посебна сила за монахот. Во една прилика, отец Јован Крестјаник ми даде благослов за посебно молитвено правило, што јас требаше да го правам најмногу навечер, а мислам дека го направи да ме поддржи и да ме засили на патот што го избрав и да ми помогне барем малку да видам што всушност е духовниот свет.

Отец Јован го избра времето кога мојот контакт со надворешниот свет беше сведен на минимум. Од два часот попладне до десет часот навечер бев на послушание во шталата и веднаш потоа отидов во плоштадот на Успението каде што бев дежурен до сабајле. Тој ме благослови во тоа време се молам со Исусовата молитва, но така што ќе се трудам таа да ми ги исполни и умот и срцето, притоа отфрлајќи ги сите други мисли, па дури и оние кои се правилни и за пофалба. Ако човекот се осами во молитвата и во исто време колку што може, се ограничи себеси во јадењето, спиењето и контактот со луѓето, ако во својот ум не пушта празни мисли, а во срцето страсни чувства, неверојатно е како тој брзо ќе открие дека, покрај него и другите луѓе, постои и некој друг присутен на овој свет.

Тој Друг, тој Некој, трпеливо чека да Му обрнеме внимание. Тој чека, затоа што Бог никогаш не му го наметнува некому своето друштво. Ако човекот продолжи правилно да се моли (тука треба да се истакне – правилно, односно не сам, туку под духовно водство на искусен старец), на неговиот духовен вид ќе му се откријат чудесни појави и слики.

Свети Игнатиј (Брјанчанинов) пишува:

„Сите сили и време употреби ги на стекнување молитва која ќе свештенодејствува во внатрешната соба на твојата душа.
Таму, во тебе самиот, молитвата ќе ти открие слика што ќе ти го окупира целото твое внимание: ќе ти даде можност да спознаеш нешто што овој свет не е во состојба да го прифати, нешто што не се ни претпоставува дека постои.
Таму, во длабочините на твоето срце, ќе го видиш падот на човештвото, ќе ја видиш твојата душа што гревот ја доведе до очај… ќе видиш многу други тајни кои се скриени од светот и од синовите на овој свет. Кога ќе ја видиш таа сцена, кога ќе го впериш погледот во неа, стануваш рамнодушен кон се што е минливо и расипливо, и кое дотогаш било толку блиску до тебе“.

Во молитвата со која ме благослови отец Јован и во читањето на Псалмите, ноќите бргу ми минуваа, а кога умот почнуваше да се досадува и да талка, почнав да правам метании на влезот во пештерата. Притоа, се трудев да постам колку што можам, но чувствував силна потреба за јадење. Затоа решив да смислам нешто што ќе ми јго намали апетитот.

Размислував малку и решив дека тоа треба да биде просфората потопена во света вода. Тоа беше мојот аскетски изум. Храната беше многу божествено подготвена, но испадна страшно невкусна, гадна и блуткава. Но, токму тоа ми требаше. Откако јадев повеќе не се чувствував гладен. Отец Јован се насмеа кога слушна за мојот изум, но немаше ништо против тоа. Единствено строго ми нареди што почесто да доаѓам на исповед и да му кажувам се што се случило во текот на денот.

А некои работи навистина почнаа да се случуваат. Вториот или третиот ден почувствував дека речиси воопшто не ми се спие, дека четири часа сон ми се доволни. Некаде исчезна и мојот вообичаена дружељубивост. Требаше да бидам сам што е можно повеќе. Почнав да се сеќавам на одамна заборавените гревови и разни грешни животни настани. Штом ќе завршев со должноста, трчав на исповед. И колку и да бев тажен поради тие горчливи откритија, чудно е што сè уште чувствував неопислива смиреност и леснотија во срцето.

По седум дена од таков начин на живот, се случи нешто уште почудно. Кога една ноќ, по долга молитва почнав да правам метанија на влезот во пештерата, одеднаш зад мојот грб, нешто почна толку силно да се тресе што се чувствував како да се срушиле илјадници лимови. Се замрзнав од страв. Меѓутоа, кога се свртев, зад себе го видов истиот оној мирен плоштад на Успението осветлен од месечевата светлина. До утрото не се оддалечив од пештерата. Без престан се молев, очекувајќи да се повтори тој страшен тресок.

Во мугрите, околу четири часот, отец Серафим излезе од својата ќелија. Отрчав до него и, пелтечејќи од возбуда, му кажав што не е во ред со мене и што се случи. Отец Серафим само замавна со раката и се насмевна: – Не обрнувајте внимание на тоа. Тоа се демони! – ми рече.

Откако го прегледа манастирот како вистински домаќин, се врати во неговата ќелија. Ха, лесно му е нему да каже „не обрнувај внимание!“ Преостанатото време од дежурството го поминав тресејќи се како прачка.

Следниот ден се случи нешто уште почудно. Кога сум навечер ја презедов должноста на Успенскиот плоштад и започнав да се молам со Исусовата молитва, забележав како оди кон мене Пашка Чуваш, познат хулиган чии родители веднаш по војската го испратија во манастирот на превоспитување. Бев тажен затоа што беше очигледно дека Пашка сака да разговара со мене за нешто, а јас сум тоа во моментот не го сакав.

Одеднаш, во мене, јасно го слушнав гласот на Паша. Ми постави едно битно прашање поради кое дошол кај мене.

Веднаш потоа го слушнав одговорот во мене на неговото прашање и сфатив дека токму тоа треба да му го објаснам. Гласот на Павле не се согласи и се побуни. Но, другиот глас, стрпливо го убедуваше водејќи го кон правиот начин на размислување.

На тој начин, во мојата глава се одвуваше дијалог кој во краен случај траеше барем неколку минути. Кога Пашка ми пријде и ми го постави истото прашање кое веќе претходно го слушнав, речиси воопшто не се изненадив. Му одговорив со зборовите што ми прелетаа низ глава една минута пред тоа. Нашиот дијалог течеше од збор на збор како и тој што пред неколку моменти се одржа во мојата душа. Тоа беше навистина неверојатно!

Следното утро отидов кај отец Јован да го прашам што ми се случи. Тој ми одговори дека Господ со својата милост ми дозволил да ѕирнам со крајот од моето око во духовниот свет, кој инаку е скриен од нас луѓето. Ми беше јасно дека тоа се случи преку молитвите на отец Јован.

Отецот строго ми нареди да внимавам да не станам арогантен и ме предупреди дека оваа нова ситуација наскоро ќе помине. Тој ми објасни дека е потребна многу вистинска борба за човек постојано да биде во таква состојба, а тоа е подвиг. Но, каков подвиг? Тоа е многу индивидуално и секој како што може најдобро се труди да ја зачува таа загадочна врска со Бога. Вистинските подвижници на овој свет изгледаат како будали, глупави и смешни затоа што поради некоја причина си одат од луѓето во непроодни пустини, се качуваат по столбови, со години клечат на камен, не спијат, не пијат, не јадат, на тој што ги навредува му го вртат другиот образ, ги сакаат непријателите и се презираат себеси.

За нив Апостол Павле вели: Тие на кои светот не им беше достоен, талкаа по пустини и планини и пештери и јами на земјата.

На крајот, отец Јован уште еднаш ми рече дека не треба да тагувам кога таа ситуација наскоро ќе помине, туку дека секогаш треба да се сеќавам на тоа што се случило. Веќе следниот ден се уверив колку е во право отец Јован. Иако имав силен впечаток што ми го остави необичниот разговор со Павел, моите мисли набрзо малку се оддалечија, јадев нешто отповеќе на масата, малку разговарав со некого, добив нешто нечисто во срцето и тоа неспоредливо чувство на Божјата близина исчезна незабележливо, а јас останав со она што го избра моето сладострасно и грешно срце: со мојата омилена супа од грашок, со интересен муабет со моите големи пријатели и со разни интересни мисли и фантазии.

Останав со сето тоа, но без Него. Беше толку болно што во мојата душа се роди песна: Тажен сум и радосен,
Тагата моја е благородна,
Тагата моја е преполна,
Со тебе тебе, единствен…

Подоцна помислив дека тие прекрасни стихови од некој се веќе напишани.

По неколку години, Пашка Чуваш го напушти манастирот. Бше убиен некаде во Убиен е некаде во Чебоксари. Господ нека му даде Царство небесно! Од останатите мои пријатели во манастирот во тоа време, малкумина искушеници останаа на монашкиот пат.