Државниот завод за метеорологија предупреди дека во САД доаѓаат арктички денови со температури од минус 50 степени Целзиусови, а во некои делови од Америка дури се препорачува граѓаните да не дишат длабоко ако излегуваат од дома и да настојуваат што помалку да зборуваат.

Делови од САД до крајот на неделава ќе се смрзнуваат дури и до минус 50 Целзиусови степени, а како што јавува Би-Би-Си, така ниски температури се случуваат еднаш во 30 години.

Вонредна состојба е прогласена на подрачјето од Висконси до Алабама, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните да не дишат длабоко ако излегуваат од дома и да се обидат што помалку да зборуваат.

Државниот завод за метеорологија објави дека само 10 минути престојување на ваков студ може да доведе до сериозни измрзнувања.

По тој повод се огласи и претседателот Доналд Трамп, кој на Твитер напиша дека на „преубавиот Среден запад“, екстремните температури достигнуваат до минус 60 степени и луѓето не можат да издржат надвор ни неколку минути.

– Што забога се случи со тоа глобално затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш!- напиша Трамп.