Припадниците на Командата за операции утре (16 октомври) ќе го одбележат Денот на единицата со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со почеток во 11 часот.

На свеченоста ќе присуствуваат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.