По шест сезони поминати во Лондон, искусниот шпански фудбалер Начо Монарел го напушти Арсенал и се врати во Шпанија.
Својата кариера 33-годишен лев бек ќе ја продолжи кај Реал Сосиедад со кој денеска потпиша двегодишен договор.
Монарел пристигна во Арсенал во 2013 година од Малага, а кај топџиите има 250 настапи, од кои постигнал 10 голови.
Шпанецот реши да се врати во татковината, иако имаше забележителни минути на почетокот на сезоната.