Раководството на премиерлигашот Арсенал донело одлука кој да го замени тренерот Унаи Емери.

Според „ББС“ во случај на разрешување на шпанскиот специјалист, лондонскиот клуб има намера да преговара со Нуно Еспирито Санта, кој сега е на чело на Вулверхемптон.

Арсенал синоќа на свој терен загуби од Ајнтрахт Франкфурт на натпреварот во Лигата на Европа (1:2) и пропушти шанса да го завери пласманот во следната фаза.

На „топчиите“ не им оди во домашното првенство каде по 13. кола се на 8.место со 18 бода.