Репрезентацијата на Јапонија избори учество во полуфиналето на Светското првенство на плажа кое се игра во Парагвај. Јапонците ноќеска го совладаа Уругвај со 3:2 во последната четвртфинална пресметка.

Резултати на другите три четвртфиналиња:
Бразил – Русија 3:4
Сенегал – Португалија 2:4
Италија – Швајцарија 5:4.

Во полуфиналето ќе играат:
Јапонија – Португалија и
Италија – Русија.