Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг призна дека сака да го запише своето име во историјата на клубот.

– Сакам да станам легенда на Арсенал, како Тиери Анри, Јан Рајт, Тони Адамс и Денис Бергкамп. Сакам да оставам трага во историјата на клубот, ова е моето место, ова е моето семејство, изјави Обамејанг.

Во вторникот, 31-годишниот Габонец го продолжи договорот за три години.

Обамејанг со гол ја започна и новата сезона во Премиер лигата. Тој се запиша во листата на стрелци во триумфот (3:0) на Арсенал против Фулам минатиот викенд.