Градоначалничката на Данела Арсовска во интервју за Инфомакс тече дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд, од страна на тогашната локална власт на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов.

– Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, рече Арсовска во синоќешното интервју.

Арсовска додава дека два месеца се обидувале да откријат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

– Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните, додаде Арсовска.