Достигнат е врвот на скандалите во СДСМ. Лидија Димова доделила на свој пријател 270.000 евра, односно доделила грантови за едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување на фризерница, реагира Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

-Според сликава позади мене која е на увид на медиумите, можеме да видиме прилично опуштена атмосфера во кафеана каде што седат добитникот на грантот и сопственик на фризерницата Златковски, како и директорката на агенцијата која ги доделува парите Лидија Димова. Директорката назначена од СДСМ. Од сликата јасно се гледа дека прилично добро се познаваат и се блиски двајцата. Дополнително Зоран Златковски бил обучувач ангажиран преку агенцијата за проектите во програмата Еразмус +, односно ангажиран како надворешен соработник – рече Арсовски.

Тој објасни декас член 21 од статутот на агенцијата вели, член на советодавното тело и надворешен соработник не можат да бидат корисници за програмата која е избран.

-Затоа прашуваме, дали Златковски бил обучувач на програмата Еразсмус +, ангажиран од агенцијата и од Лидија Димова? Дали е законски и дали смеела Лидија Димова да дозволи обучувачот Златковски на програмата Еразмус + да биде и добитник на грант од истоимената програма Еразмус + според овој член од статутот? Дали ова е противзаконско доделување на грантови? Дали ова доколку е така е класична злоупотреба на пари во институција? Прекршување на закони, сомнеж за проневера на пари, директорување на директорка кое е под знак прашалник дали било чесно, или не, а по сите сомнежи изгледа дека не, патем и за која се води постапка во антикорупциската, а јавното обвинителство се уште молчи за овој скандал каде што се доделени 270.000 евра на фризерница за еден од грантовите, едукација за медиумска писменост во дигиталното опкружување – рече Арсовски.

Фризерница и едукација за медиумска писменост немаат никаква допирна точка, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж  за директор од СДСМ дека злоупотребува службена должност и пари, јавното обвинителство и Заев го штитат и не дозволуваат да се истера правдата на виделина. За крај, бараме оставка уште веднаш од Лидија Димова. Ваков кадар не смее да раководи со институција која што е директно под надзор на Европскиот совет и комисија и не смее ваква директорка да не срами пред Европската Унија и европските земји – вели Арсовски.