Самата Кузеска призна дека она кое што го прават преку прес конференциите и соопштенијата е манипулација, зошто ? Затоа што самата призна за истото велејќи дека нема докази туку дека ги охрабрува институциите да испитаат што точно се случува со тендерот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

Тој посочи дека во соопштението на европската инвестицика банка јасно се посочува дека набавките за тој тендер се спроведени во согласност со водичот за набавки на европска инвестициска банка и во согласност со одобрената стратегија за набавка

„Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување во оваа фаза од процес на еваулација или неусогласени принципи со доверливост може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, рече Арсовски.

Тој кажа дека ова соопштение од страна на Европската инвестициска банка е потврда дека Перински си ја вршел работата достојно и онака како што треба по закони својата работа.

„Она кое што мене ме загрижува во овие моменти изминатите денови тоа е практично некоја си космична координираност помеѓу СДСМ и случувањата во ЈП Водовод или Град Скопје. Зошто го велам ова? Затоа што уште во текот на утрешниот ден влегоа екипи на финансова полиција, што навистина и е во ред тоа да се слчучи за да се исчисти сомнежот“, вели Арсовски.

Арсовски истакна дека кога било до Перински предложено да се промени комисијата, била одбиена таа препорака бидејќи не е во согласност со законите и си продолжила да тече понатака постапката, тоа е се регулирано со дописи.

Арсовски запраша за тоа до каде е истрагата за оној скандал во управата за јавни приходи каде над 10тици милиони пари се проневерени и испрани помеѓу реални компаниии за фиктивен поврат на ДДВ ?

Тој запраша за тоа дали Обвинителството работи со истата брзина како што влезе во ЈП Водовод по допрен глас, за случај за кој европската инвестициска банка потврдува дека се е чисто и регуларно? Зошто институциите не работат еднакво за сите граѓани туку работат директиви на СДСМ.

„Каде се институците во фондот за иновации за проневерени 10тици милиони евра, каде се институциите да влезат и да испитаат околу нелегалното работење на очната болница која ја штитеше СДСМ и Бухова во центаро на Скопје, тоа е болницата на ПроМедика ?“, дециден е Арсовски.