Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната пресконференција ги обвини СДСМ и Оливер Спасовски за обид да сокријат убиство. Преку нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека ништо не се случило. Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство, потенцираше Арсовски.
-МВР и Оливер Спасовски грозоморниот чин за малиот 21-годишен, веќе починат за жал, Никола Саздовски – Саздо се уште се обидуваат да го минимизираат. Нема информации во јавноста каде е третиот сторител, ниту дали некој воопшто го бара. Нема потерница од страна на МВР, нема ништо. Кого кријат и кого штитат МВР, СДСМ и Оливер Спасовски? Кому му одговара нарушена безбедносна состојба и меѓуетнички тензии помеѓу граѓаните? Дали несреќната и тажна судбина на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо ќе биде само уште еден заташкан случај, како изминатите 10-тина случаеви коишто јавноста можеше да ги види откако е СДСМ на власт изминативе година дена? На местото на малиот Никола можеше да биде било кој. Нечиј син, нечиј внук, нечиј братучед, пријател, другар. Предупредувавме неколку пати дека Оливер Спасовски не е способен за функцијата на која што е поставен односно министер за внатрешни работи. Предупредувавме дека политиката што ја води СДСМ и коалицијата која што ја направи со криминалот и подземјето, наместо да ни донесе живот, таа ќе не чини живот. За жал, тоа и се случи изминативе година дена. Нивната политика не чини човечки животи. Никола Саздовски беше момче кое што за жал го плати данокот на животот кој ни го донесе СДСМ заедно со криминалот и подземјето, истакна Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека ова мора да престане и за ова мора да има одговорност веднаш.
-Мартин Јанушев брутално убиен со огнено оружје пред својот дом. Убиецот е на слобода. 17 годишен член на „Комити“ беше прободен на постојката Рекорд пред само три или четири месеци. Јавноста сеуште не е информирана за случајот каква разрешница има. 24 годишно момче беше брутално убиено со 6 куршуми од автомат калашников на улицата на „Џон Кенеди“ во скопски Чаир. Јавноста не е информирана за случајот каква разрешница има. Убиство и двајца повредени од огнено оружје во Мала Речица, целата јавност го виде тоа. Сторителите замислете ќе лежат само неколку месеци за убиство. Убиство на политичар и носител на листа во Кичево непосредно пред локалните избори. Убиство во кафуле во Струга. Сторителите ни трага ни глас, ги нема. Од овие неколку случаи кои се случија за само една година кои што го набројав, СДСМ не донесоа живот, туку ни ги однесоа животите на нашите и нечии најблиски. Родителите се во страв за своите деца. Децата се во страв за својата безбедност. Никој не презема ништо. Виновникот на целиот овој хаос кој што ни се случува во моментов во нашата држава, каде што ни гинат човечки животи и деца, има име, а тоа е криминалната банда на СДСМ, која што наместо да ги заштити граѓаните, поважен им е личниот интерес, личната политика, поважна им е коалицијата со криминалот. СДСМ е во коалиција со криминалот и го штити криминалот во нашата држава. Во секоја држава има мафија, но со СДСМ на власт, мафијата во Македонија си доби држава. Безбедноста е сериозно нарушена и животите на нашите блиски се доведени во прашање. Оливер Спасовски мора уште веднаш да си поднесе ОСТАВКА! ОСТАВКА и тоа веднаш! Заедно со сите функционери во МВР кои учествуваа во прикривање на случајот и срамната квалификација на ова дело, порача тој.