На денешната прес конфернција, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со Фондот за иновации, истакна дека тој тежи цели 10,5 милиони евра.  Толку СДСО-вци успеале да си поделат за ова кратко време:

-Овде има работа за ОЈО колку им душа сака. Конфликт на интереси, злоупотреба на службена должност и уште десетици други дела казниви според законската легислатива на Република Македонија. Не треба човек да биде правник за да види дека овде има основа за кривично гонење на иновативноста во десетици случаи за испумпување на народни пари во приватни џебови. Јован Деспотовски како директор на Фондот за финансирање на партиски подобни фирми со иновативни идеи за влечење буџетски средства, како и вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Хари Локвенец, советничката Цветанка Ласкова и другите вмешани лица во оваа коруптивна мрежа треба да се истражат и ако се потврдат сомнежите да се повикаат на материјална но и кривична одговорност. А, до тогаш, додека се истражи криминалот да понесат морална одговорност да си поднесат итни оставки за да не влијаат на истрагата која што претстои, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.