Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе 255-та седмица се наоѓа на првото место на АТП рејтинг листата.
Тој дури и ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и покрај тоа што Шпанецот вчера триумфира на Грен слемот „Ролан Гарос“. Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето освои нови.
Пласман на првите 10 тенисер на најновата АТП листа објавена денеска:
1. Новак Ѓоковиќ 12.715 поени
2. Рафаел Надал 7.945
3. Роџер Федерер 6.670
4. Доминик Тим 4.685
5. Александер Зверев 4.360
6. Стефанос Циципас 4.215
7. Кеи Нишикори 4.040
8. Кевин Андерсон 3.565
9. Карен Качанов 2.980
10. Фабио Фоњини 2.785.