Најпознатото платно насликано од некогашниот британски премиер Винстон Черчил, е продадено на аукција во Лондон за седум милиони фунти (8,1 милион евра), соопшти „Кристи“.

Маслото на платно, што американската глумица Анџелина Џоли го понуди на продажба, се смета за „најважната слика на Винстон Черчил“, како што велат од аукциската куќа. Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“ (1943), коja Черчил ja насликал за време на неговата посета на Мароко во Втората светска војна, се проценуваше меѓу 1,7 и 2,8 милиони евра пред наддавањето.

Черчил му го подарил своето уметничко дело на тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт. Сликата потоа, во 1950-тите била продадена од еден од синовите на Рузвелт и оттогаш сменила неколку сопственици. Во колекцијата на холивудскиот пар Анџелина Џoли и Бред Пит е од 2011 година.

И друга слика на Черчил беше продадена на аукцијата. Се работи за „Пејзажот на Маракеш“ – продаден за 1,55 милиони фунти (1,8 милиони евра).