Анди Руиз Јуниор синоќа го шокираше светот откако како предизвикувач убедливо го порази унифицираниот шампион во тешка категорија Антони Џошуа.

Дуелот траеше седум рунди, а Руиз победи со технички нокаут, откако претходно му зададе четири нокдауни на Британецот Џошуа, кој не се прослави во својот прв настап во САД, каде го претрпе и својот прв пораз во кариерата.

Актуелниот шампион Руиз, кого пред мечот сите го сметаа за аутсајдер, во дуелот влезе како замена на Џарел Милер, кој испадна позитивен на допинг тестот.

Со оваа победа Руиз јуниор стана сопственик на титулите на ИБФ, ВБА и ВБО.