Сите деца се убави, но Ава Мари и Леа Роуз Клементс од Калифорнија за многу кратко време го освоија интернетот со нивната необична убавина. Нивната мајка секој ден објавува нивни фотографии и го импресионира светот.


Тие се родени во јуни 2010 година, а денес имаат 8 ипол години.

Корисниците на интернет често го коментираат нивниот изглед, а нивниот профил Instagram добил еден милион следбеници за кратко време.


Иако нивната убавина е нереална, а голем број луѓе коментираат  дека покрај нивниот надворешен изглед, тие имаат посебна внатрешна убавина. Од нивните семејни фотографии може да се забележи дека девојчињата личат на нивниот татко Кевин.

Ава и Леа имаат голем број на договори со модни агенции, и покрај тоа тие исто така се занимаваат со танц.