Авион на Кроација ерлјанс, кој денеска полетал во 10:15 часот од Минхен за Риеак, поради сигнбализиран дефект, набргу ја сменил рутата и се вратил на минхенскиот аеродром.
Според информациите на порталот Авиорадар, причината за пренасочување на авионот „даш 8 Q400“ била индикација за дефект во системот за подесување на притисокот во авионот.
Екипажот постапил според предвидената процедура во такци ситуации и го слетал авионот на најблискиот аеродром, односно во Минхен, каде потоа е извршен технички преглед, што е вообичаен во вакви случаи.
По прегледот ќе биде одлучено какви мерки ќе бидат преземени понатаму.