Неколку лица загинаа денеска кога авион Цесна падна на мноштво собрани луѓе во западната германска држава Хесен, потврди полицијата.
Повредени се и неколку лица во несреќата која се случи попладнево околу 14,45 часот во регионот Роен во близина на градот Фулде.
Локалните медиуми известуваат дека пилотот ја изгубил контролата над авионот кога се обидел да слета во Васеркуп.
Се забележало дека нешто не е во ред за време на обидот додека пилотот правел напори повторно да го подигне леталото. Авионот не се подигнал, ја пробил барикадата и со брзина удрил во мноштвото собрани луѓе, објави Остесен њус.
Според извештај на весникот Билд, три лица загинале на местото на несреќата.