Најнаселената држава во Австралија, Нов Јужен Велс, денеска објави дека се потврдени 14 нови случаи на Ковид-19 во целата земја и оти повеќето заразени лица биле во контакт со вирусот во кафеани покрај пат.

Граѓаните се предупредуваат на можен втор бран на епидемијата на коронавирусот.

Австралија, земја со околу 25 милиони жители, досега успешно избегна голем број жртви од Ковид-19, потврдени се само малку помалку од 10 илјади случаи, што е една шестина од просечниот дневен број на новозаразени во САД во последните денови.

Во државата Викторија денеска се потврдени 177 нови случаи, што е значително помалку од претходниот просек, што беше повисок од 270 новозаразени за 24 часа.

– Ова можеби сè уште не е врв на епидемискиот бран. Би сакал да видиме дека бројот на пациенти постојано се намалува во текот една недела, изјави шефот на Кризниот штаб на државата Викторија, Брет Сатон.

Во меѓувреме, научниците од Универзитетот во Квинсленд за денеска ги закажаа првите пробни вакцинации, а првичните резултати од пробната вакцина се најавени за почетокот на септември.