Најмалку четири лица се убиени, а неколкумина се повредени откако еден маж пукаше денеска во хотел во предградие на градот Дарвин, објавија австралиските медиуми.

Австралиската државна телевизија Еј-Би-Си јави дека пукањето се случило во доцните попладневни часови по локално време.

Полицијата соопшти дека 45-годишен маж е уапсен по пукањето.

– Засега имаме извештаи за четворица загинати и неколкумина повредени, изјави Ли Морган од полицијата на австралиската Северна територија.