Од понеделник во Австрија ќе биде укинат „локдаунот“ за невакцинираните лица против Ковид-19, изјави денеска австрискиот канцелар Карл Нехамер.

– Сојот Омикрој ни донесе промена на парадигмата во однос на делта варијантата. Надлежната комисија будно ги следи сите бројки на новозаразени лица и искористување на болничките капацитети. Ситуацијата во болниците е стабилна, истакна Нехамер на прес-конференција.

Тој нагласи дека „Владата одлучи да го укине заклучувањето за невакцинираните од понеделник, бидејќи ситуацијата е стабилна“.

– Постојано ги анализираме сите мерки и нивната целисходност, земајќи ги предвид сите фактори. Состојбата во болниците е стабилна, а инфекцијата се шири согласно прогнозите, објасни австрискиот канцелар.