Австрискиот Парламент денеска го продолжи „заклучувањето“ на Австрија за уште десет дена, со полициски час од 20 до 6 часот наутро.

Со гласовите на владејачките партии – Австриската народна партија (ОВП), Зелените – како и Социјалдемократската партија (СПО), Парламентот го прифати предлогот на министерот за здравство Рудолф Ансобер.

„Продолжувањето е неопходно затоа што Законот за пандемија дозволува ограничувања на слободата само за десет дена“, се наведува во соопштението.

Второто „заклучување“ на Австрија, што е на сила од почетокот на овој месец, засега не го запре драматичниот раст на нови инфекции, затоа, како што нагласи министерот, потребно е продолжување.

СПО, како единствена опозициска партија, гласаше за продолжување, но побара во иднина да се посочат повеќе податоци за ефективноста на мерките.

Другите опозициски партии сметаат дека „заклучувањето“ ги крши основните човекови права.

Инаку, австриската Влада, како што е најавено, утре ќе ја разгледа ефективноста на досега преземените мерки, па се очекува „заклучувањето“ да се интензивира.