Бесплатните тестови за Ковид-19 ќе ја чинат Австрија оваа година 1,6 милијарди евра, објави Министерството за финансии.

За следната година, како што се наведува во одговорот на Министерството на собраниската анкета, за тестовите се планирани 1,3 милијарди евра.  За споредба, трошоците за вакцинација годинава изнесуваат околу 470 милиони евра, а следната година, се проценува, дека ќе се искачат на 750 милиони евра.

Новиот австриски министер за финансии Магнус Брунер во интервју за виенскиот дневен весник „Хојте“ најави можност за укинување на бесплатните тестови.