Прелиминарните докази укажуваат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со Омикрон варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО наведе во неделниот епидемиолошко ажуриран извештај дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој Омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан Ковид-19 или со вакцините.

– Како резултат на сето ова, вкупниот ризик поврзан со сојот Омикрон останува многу висок, се додава во извештајот.