Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во земјата моментно има 72 џихадистички повратници.

Меѓу нив има 26 лица со австриско државјанство, се вели во одговорот на Министерството на пратеничко прашање. Според дневниот весник „Естерајх“, бројот на џихадисти-повратници е поголем отколку што е официјално објавено. Според весникот, во моментов во Австрија има 92 џихадисти.

Австриското обвинителство поднесе тужба против сите џихадистички повратници, под сомнение за терористичко здружување.