Седум лица се повредени денеска кога авион „Ан-2“ удри во земја за време на слетување во Магадан, на рускиот далечен исток, изјави портпарол на руското Министерство за вонредни ситуации.

– Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени, нагласи портпаролот.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Според првите информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина. Со него се превезувале вработени во компанијата.

За инцидентот е поведена истрага и се претпоставува дека е предизвикана од пилотска грешка.