Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата.
Како што е најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од 1 февруари следната година.
Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирус од 15 февруари.
Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети.
Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци.
Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра.
Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани од 14-годишна возраст, а ослободени од обврската се трудница и прележани до 180 дена од позитивен ПЦР тест.
Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар.
Австриската Влада во моментов во соработка со социјалните партнери, струката, како и претставници на граѓанското општество подготвува закон кој наскоро треба да биде доставен до собранието за да се запази четиринеделниот рок за разгледување.