Откако приватните превозници најавија дека утре автобусите ќе ги паркираат пред седиштето на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси на линии на кои тргнуваат од централата во Автокоманда ги дислоцира кај Транспортниот центар под Железничка станица, објави ТВ Телма.

Хаосот во јавниот превоз во Скопје почна уште пред еден месец.

Тогаш вработени во ЈСП протестираа поради неисплатени плати. По нив, приватниот превозник Макекспрес поради долг прекина со работа. Приватните превозници Макекспрес и Слобода превоз во Скопје одржуваат 15 автобуски линии.

Видеото на ТВ Телма може да го отворите ТУКА.