На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на патот Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.
-Тој, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.




